Со купување на производ од Multishop вие се согласувате со условите за достава, замена или враќање на производи.
Достава
Доставата е различна за секој производ и секој трговец можно е да работи со различна пошта. Најчесто пратката се процесира во рок од 48 часа и истата се праќа на ваша адреса. Пишете ни за повеќе информации да ви помогнеме за побрза информација за одреден производ.
Нашата компанија соработува со повеќе компании за достава, но примарни се PostExpress и Beda express.
Доколку доставувачот има 3 неуспешни обиди за контакт и достава на корисникот, доставата се означува како неуспешна и производот се враќа во просториите на компанијата. Доколку дојде до ваква ситуација и корисникот побара повторна достава, корисникот е потребно да ги сноси трошоците за двете достави, односно се наплаќа достава по втор пат.
За дополнителни прашања можете да не контaктирате на info@multishop.mk
Плаќање при испорака
Доколку нарачате производ од Multishop со начин на плаќање при испорака, производот и трошоците за доставата ги плаќате при испорака.
Доколку поради било какви причини побарате рефундација, а сте нарачале со плаќање при испорака истото може да биде извршено само на ваша трансакциска сметка односно истото не може да биде извршено во готово.
Замена на производ
За секој производ постои можност за замена во рок од 15 дена по купувањето на производот доколку од компанијата имаат достапни залихи од истиот. Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.
*За оваа постапка, производот прво се враќа во магацин(во претходен договор со оператор од наша страна), се прегледува дали е во ред и ви давам одобрение за замена. Трошоците за замена ги сноси купувачот.
Постои можност за замена во случај производот да има соодветен квалитет, но да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси Купувачот.
Доколку производот нема соодветен квалитет или му е доставен грешен или оштетен производ на купувачот, истиот може веднаш да се замени при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси компанијата од која е нарачан.
Замената се врши при достава на новиот производ.
Враќање на производ
Постои можност за враќање на производот во просториите на компанијата во рок од 14 дена по купувањето. Трошокот за поврат на производите е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување. По враќањето на производот корисникот може да добие поврат на средствата со претходно известување на info@multishop.mk.
Напомена
Со потврда на секоја нарачка, со кликање на копчето дека се согласувате вие сте согласни со сите наши политики, како и со условите за достава, замена и враќање на производ.
Во изработка…..